logo
logo
logo

Борисов се соочува со тешкотии во формирањето коалиција, објави „Фајненшл тајмс“

Vecer | 04.10.2022

Борисов се соочува со тешкотии во формирањето коалиција, објави „Фајненшл тајмс“

Изданието наведува дека централно-десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е во водство на четвртите парламентарни избори во Бугарија во последната година и половина, но партијата не успеа да го освои потребното мнозинство за формирање владина коалиција во најсиромашната држава во ЕУ.

Борисов, кој по една деценија на власт беше сменет во 2021 година по масовните антикорупциски протести, се претстави себеси како оној што може да ја води Бугарија низ нејзината политичка и економска криза. Под власта на Петков, земјата остро се сврте против Русија, која традиционално беше нејзин близок партнер, коментира весникот.

Изданието го цитира Борисов дека рекол оти е „важно е земјата да продолжи да го следи евроатлантскиот курс, за и Русите да ги  почитуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk