logo
logo
logo

МИЛАНОВИЌ ЗА ОДЛУКА НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ:

“БиХ беше Швајцарија за Украина и пред руската инвазија, ова е хрватска политичка трагедија!“

Vecer | 25.06.2022

“БиХ беше Швајцарија за Украина и пред руската инвазија, ова е хрватска политичка трагедија!“

“БиХ беше Швајцарија за Украина и пред руската инвазија, ова е хрватска политичка трагедија!“

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ остро ја критикуваше Европската унија што не и даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина.

-Одлуката на Европскиот совет да и додели на Украина статус на кандидат за членство во ЕУ и истото да не и го направи на Босна и Херцеговина, е безобразен цинизам и хрватска политичка трагедија, изјави  хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

„Она што Европскиот совет го усвои завчера е груб цинизам“, рече Милановиќ, критикувајќи ги премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман за коментарите дека БиХ е нефункционална држава.

„Што е со Украина? БиХ беше Швајцарија за Украина, не по своја волја бидејќи има квази-колонијална владејачка структура која не направи ништо во последните 10 години. Србите и Бошњаците, кои се обединети, ги попречуваат точките 20 и 21 Европскиот совет поставува услов во кој генерално се наведува изборната реформа и вели дека штом тоа го направи ЕК, тие ќе се занимаваат со тоа. Зошто се прави тоа?, праша тој.

„Ова е предавство. Ова е хрватска политичка трагедија. Сè уште не можеме да го ставиме ова во категоријата на велепредавство, но ова е предавство. Ладно, цинично и садистичко предавство во кое на луѓето кои страдаат цинично им се објаснува дека всушност се им се помага“, рече Милановиќ.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ во четвртокот во Брисел донесоа историска одлука за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија и ветија европска перспектива на Грузија.

Но, БиХ е заобиколена.

Фото: принтскрин јутјуб

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk