Нови детали: Маскирани лица пукале во сместувањето на Халкидики во кое биле убиениот и повредениот државјанин на Македонија
Што може да се претпостави
Три сценарија се разгледуваат од безбедносни служби за ликвидацијата на Орхан Бајрами викан Оки, кој беше цел на напад заедно со уште четири лица во Грција.
https://vecer.mk/balkan/grchkata-politsija-traga-po-dvajtsata-storiteli-na-ubistvoto-na-khalkidiki-pronajdeni-19-chauri/
Три сценарија се разгледуваат за ликвидацијата на Орхан Бајрами викан Оки, кој беше цел на напад заедно со уште четири лица во Грција, потврдуваат безбедносни и извори од теренот за Вечер.мк
Според едното сценарио, ликвидацијата на Орхан Бајрами е одмазда за убиството на Даци Блерим во Приштина, а е поврзано со претходната вооружена престрелка во Шиша бар во Скопје.
Според друго сценарио, познат нарко клан од Албанија, наводно стои позади ликвидацијата на Оки во Грција.
Трета варијатна е дека е дел од ликвидациите на наркомафијата во Македонија кои имаат децениски историјат.
Да одиме по ред
Двајца македонски државјани ноќеска околу 3:30 часот биле застрелани во Ханиоти, Халкидики, јавуваат грчките медиуми.
Според грчките медиуми станува збор за ликвидација. Според очевидци, маскирани напаѓачи упаднале во изнајмената хотелска соба каде биле сместени жртвите и почнале да пукаат, испукувајќи повеќе од 20 куршуми и избегале од местото.
Набргу потоа непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека некој бара помош. Повредените биле пренесени во Здравствениот дом Касандра на Халкидики, каде било констатирано дека 39-годишниот бизнисмен им подлегнал на повредите, додека вториот маж, на возраст од 45 години, е хоспитализиран во болница во Полигрос.
Како што јавува порталот Iefimerida, повикувајќи се на полициски извори, станува збор за Орхаин Баграини (роден 1984 година) кој е починат, додека Сеад Слезовиќ (1978) е повреден. Двајцата бизнисмени биле активни во Северна Македонија, имале казино, како и фабрика за пијалоци, а во моментот биле во посета на Халкидики.
Всушност, напладне двајцата бизнисмени требало да се одјават од хотелот, велат извори на медиумот.
Прелиминарна истрага врши Полициско одделение Полигирос.
Нови детали: Маскирани лица пукале во сместувањето на Халкидики во кое биле убиениот и повредениот државјанин на Македонија
Убиен е 39-годишен, а повреден 45-годишен маж и двајцата државјани на Македонија, откако непознати маскирани лица пукале во сместувањето во кое се наоѓале во Ханиоти на Халкидики, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина, грчки полициски извори.
Истите извори за МИА брифираат дека околу 3.30 часот по локално време, непознати лица, маскирани со fullface маски, веројатно пеш се доближиле до сместувањето во кое биле убиениот и повредениот и однадвор почнале да пукаат.
Од пукањето, 39-годишниот им подлегнал на повредите, а 45-годишниот е хоспитализиран во болницата во Полигиро.
Во сместувањето се наоѓале и други лица, кои не се повредени.
Според информациите на МИА, непознатите сторители веднаш побегнале од местото, а полицијата е на терен, работи на случајот, како и на нивно пронаоѓање.
Во однос на причините и мотивите, полициските извори за дописничката на МИА од Атина велат дека е рано да се носат заклучоци.
Во секој случај не е исклучена можноста да се работи за расчистување на сметки, а полицијата ќе истражи дали повредениот и останатите лица кои биле заедно со него и со убиениот добивале закани.
Како што претходно посочија грчките медиуми, убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки, а повреден е Сеад Слезовиќ, двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци.
Претпоставки
Ако се анализираат јавно соопштените информации од грчката полиција, станува збор за професионално извршена ликвидација од целосно маскирани лица. Тие имале информации каде се наоѓал Орхан Бајрами со другарите и останатите, очигледно имале информации за неговото движење и намерите да го напуштат местото каде престојувале.
Според првото сценарио, дека Орхан Бајрами бил ликвидиран заради одмазда за ликвидацијата на Даци Блерим во Приштина, како одговор за Шиша бар, треба да се потсетиме на официјалните информации, според кои за ликвидацијата во Приштина, портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, за TIME изјави дека се случил инцидент во Приштина, било пукано од калашников, а има и едно загинато лице.
Можеби е одмазда за убиството на Даци Блерим, но приштинската ликвидација според информациите на Вечер.мк е извршена од луѓе со послаб капацитет за органзиација на ваква ликвидација, професионална. Оние кои го ликвидирале Даци Блерим во Приптина се радикални исламиси со борбени искуства од Сирија и Ирак.
https://vecer.mk/makedonija/1220576/
Според другото сценарио, еден од нарко клановите од Елбасан, Албанија, наводно стои позади ликвидацијата на Оки во Грција.
Имено, според информации од теренот, Оки и групата Дуќанџик, пред 2 до 3 месеци купиле одредена количина “бело“ од Елбасан и истиот го платиле. Но, наводно, ги прекршиле договорените услови за трговија и малопродажба. Го пуштиле во малопродажба “белото“ помешано со супстанца која го намалува квалитетот и дејството на психотропната супстанца, односно пуштиле смешано “бело“ со лош квалитет.
Изворите наведуваат дека Елбасанците биле навредени што Дуќанџик групата “белото“ им го мешала со други супстанци и го сметале за прекршување на договор за натамошна дистрибуција, бидејќи наводно, им бил нарушен угледот.
Групата од Елбасан, според разузнавачките информации од безбедносните служби, како структура е сериозна што може да изведе ваква ликвидација.
За нејзе се верува дека делува по принципите на гангсерот Френк Лукас, од Ла Гранж, Северна Каролина, кој создал свој бренд квалитетна дрога “Blu light“ и ги ликвидирал сите дистрибутери кои ја мешале дрогата да биде со послаб квалитет и која предизвикувала голема смртност меѓу корисниците. За него, по вистинска приказна, во 2007 година снимен е филмот “Американ гангстер“.
И третото сценарио, кое никако не треба да се исклучи без разлика на молкот, е дека ликвидацијата во Грција е резултат на крвна одмазда која започна со убиството на Агим Шерифи во 2010 година, вујко на Орхан Оки, за потоа во 2013 да следува ликвидацијата на Џељо Ајети. Повеќе на следниот линк
Арачиновец фрлен крај депонија
https://vecer.mk/makedonija/a1on-koi-se-ubienite-i-dali-e-nova-presmetka-megju-klanovite-belanoca-i-grchec/
Историјат
Македонските државјани кои беа застрелани во Халикиди биле сместени во ексклузивен апартман. Извори од истрагата за грчките медиуми велат дека имале резервација во Sunny Villas-Hanioti. Станува збор за скапо место со базени, спа, теретана, редовни журки и грчки специјалитети.
Според податоците на „Букинг“, една вечер престој чини 600 евра, или околу 3 илјади евра за пет ноќи.
Двајцата требало да се отчекираат во 12 часот и убијците тоа го знаеле. Според неофицијални информации со кои располагаат и надлежните органи во Македонија, извршителите на убиството биле со мотор и фантомки на глава.
На местото, се пронајдени десетици чаури од истрелите. Лицата ја знаеле трасата на движење на Бајрами-Оки, но и на неговиот партнер Сеад Слезовиќ кој е тешко повреден и во животна опасност.
Двајцата бизнисмени биле активни во Македонија, во казино и фабрика за пијалоци. Истрагата треба да покаже што е психотропната супстанца “бело“ со која во меѓувреме тргувале.
Детали сподели и МНР, но без да го открие идентитетот на починатиот и повредениот.
Повеќе детали од:
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата