logo
logo
logo

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА АЛБАНИЈА - Драматичен апел од амбасадата на САД

Vecer | 02.04.2026

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА АЛБАНИЈА - Драматичен апел од амбасадата на САД

Амбасадата на САД во Тирана предупреди дека групи поврзани со Иран би можеле да нападнат ентитети поврзани со САД во Албанија.

„Групи поврзани со Иран можат да се обидат да нападнат ентитети поврзани со САД или елементи на иранската опозиција во Албанија. Исто така, можат да целат и вообичаени места, како што се туристички локации, трговски центри, хотели, клубови и ресторани. Ги поттикнуваме американските граѓани да бидат особено внимателни“, се наведува во соопштението на амбасадата.

Американската амбасада ги советуваше своите државјани кои престојуваат во Албанија да бидат претпазливи и да ги следат вестите што ги објавуваат локалните медиуми.

„Бидете свесни за вашето опкружување, проверете ги вашите лични безбедносни планови и држете го мобилниот телефон наполнет во случај на итност“, се наведува, меѓу другото, во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk