logo
logo
logo

УЧЕНИЦИТЕ И ДЕНЕСКА БЕЗ НАСТАВА - повторно дојави за бомби во ХРВАТСКА

Vecer | 23.04.2026

УЧЕНИЦИТЕ И ДЕНЕСКА БЕЗ НАСТАВА - повторно дојави за бомби во ХРВАТСКА

Бранот анонимни закани за поставени бомби продолжува да го парализира образовниот систем во Хрватска. Денеска, во раните утрински часови, лажни дојави беа регистрирани во голем број училишта низ Карловац, Пула, Шибеник, Сплит и Загреб. Поради сериозноста на пораките, полицијата веднаш ги евакуираше објектите и започна превентивни антидиверзиони проверки, додека наставата во сите засегнати институции е официјално откажана.

Во Карловачката жупанија, полицијата и училиштата добиле заканувачки мејлови за наводно поставени експлозивни направи нешто по 9 часот наутро. Веднаш по пријавата, специјални полициски службеници во соработка со раководствата на училиштата излегоа на терен за да ја утврдат безбедносната состојба во објектите. Истовремено, слични аларми се активирани и во десетици училишта во Истра и Далмација, надоврзувајќи се на инцидентите кои претходно се случија во Приморско-горанската жупанија.

Ова не е прв ваков случај во изминатиот период, бидејќи во претходните денови образовниот процес беше прекинат и во дел од средните училишта во Сплит, Дубровник и главниот град Загреб. Иако досега сите проверки покажаа дека станува збор за лажни аларми, хрватските власти постапуваат со максимална претпазливост, додека се работи на откривање на испраќачите на овие координирани дигитални напади.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk