logo
logo
logo

Анализа на „BBC“: Грчката крајбрежна стража предизвикала смрт на најмалку 43 мигранти

Vecer | 17.06.2024

Анализа на „BBC“: Грчката крајбрежна стража предизвикала смрт на најмалку 43 мигранти

Во период од три години, вклучително и девет кои биле намерно фрлени во водата. Како што се наведува во текстот, станува збор за 15 одделни инциденти со мигранти кои биле протерани од грчките води или вратени во морето откако стигнале до грчките острови.  Во пет случаи, мигрантите рекле дека биле фрлени во вода од припадници на грчката крајбрежна стража, додека во други случаи рекле дека биле фатени на грчките острови и вратени во гумени чамци, кои потоа се издишувале или изгледале како да се дупнати. Најужасно сведоштво дал сомалиски мигрант кој за Би-би-Си тврдел дека крајбрежната стража му ги врзала рацете зад грб, а потоа го фрлила во море. Грчката крајбрежна стража категорично ги отфрли сите обвинувања за незаконски активности. Европската комисија денеска соопшти дека очекува Грција да ги провери податоците од сторијата на Би-Би-Си.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk