logo
logo
logo

Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС

Vecer | 24.05.2024

Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС

Американската амбасада во Босна и Херцеговина го предупреди лидерот на босанските Срби Милорад Додик и сите политичари кои го следат дека се на опасен пат кога се залагаат за „мирно раздружување“, нагласувајќи им дека САД нема мирно да ги набљудуваат акциите што ја загрозува Босна и Херцеговина како држава.

По иницијатива на Додик, владата на Република Српска во четвртокот, пред расправата на Генералното Собрание на Обединетите Нации, донесе одлука дека во рок од 30 дена ќе подготви документ со кој на федерацијата на Босна и Херцеговина ќе и предложи „раздружување“, т.е. ставање крај на постоењето на Босна и Херцеговина како што е утврдено со дејтонскиот договор.

САД беа меѓу најсилните поддржувачи на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, а американската амбасада во Сараево денеска соопшти дека Додик и владата на РС се обиделе да ги објаснат тезите за неможноста за опстанок на РС со „група лаги и дезинформации“ дизајнирани да ја заплашат јавноста во РС со цел да ги следи на тој опасен пат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk