logo
logo
logo

КАКО ХРВАТИТЕ ЛОВАТ КРАДЦИ НА КОМПИРИ? Скапо е но, ефикасно

Vecer | 15.06.2024

КАКО ХРВАТИТЕ ЛОВАТ КРАДЦИ НА КОМПИРИ? Скапо е но, ефикасно

Масовна кражба на компири има од нивите во Меѓумурје, а полицијата користи дронови и камери за да ги лови крадците.

Полицијата во Меѓумурје уапси млад човек кој синоќа е фатен како краде компири, објави Даница.хр. Полицијата во Меѓумурје деновиве систематски посетува земјоделски парцели за да спречи кражба од нив.

Нешто после 20 часот на нива викана „Зденчец“, на земјоделска парцела сопственост на 49-годишен маж, затекнале 23-годишен маж како на велосипед превезува компири во ПВЦ кофи, додека двајца млади момчиња побегнал од местото на настанот. Полициски службеници го привеле, поради сомнение дека сторил кривично дело кражба. Според информациите од поднесената кривична пријава на оштетениот 49-годишен сопственик, сторителите наведениот ден попладнето украле околу 500 килограми компири од разни сорти, додека материјалната штета се проценува на неколку стотици евра.

Во изминатите неколку години има намалување на пријавените кривични дела кражби на земјоделски производи. Но, треба да се земе предвид дека дел од оштетените не ни пријавуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk