logo
logo
logo

Аја Софија каква што не е видена во последните 87 години (ФОТО)

Vecer | 13.05.2021

Аја Софија каква што не е видена во последните 87 години (ФОТО)

Во истанбулската џамија Аја Софија, првпат по 87 години, беше извршена молитва за Рамазан Бајрам, јавува турската државна новинска агенција Анадолија.

Денес, по повод празникот Рамазан Бајрам, верниците ја извршија бајрамската молитва во согласност со мерките насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот.

Аја Софија служела како црква 916 години, сè до османлиското освојување на Константинопол, денешен Истанбул, додека како џамија служела од 1453 до 1934 година.

На 10 јули минатата година турски суд ја поништи одлуката на некогашната влада на таа земја, која на Аја Софија на 24 ноември 1934 година ѝ додели статус на музеј.

Со поништувањето на споменатата одлука, на Света Софија ѝ е вратен статусот на џамија.

Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфорот, Аја Софија во 1985 година беше вклучена во списокот на УНЕСКО за светско културно наследство.

Турските власти најавија дека ќе продолжат да ги зачувуваат културните и историските вредности на Аја Софија, така што Дирекцијата за верски работи на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам на таа земја ќе се грижи за обновувањето, зачувувањето и заштитата.

Туристите и понатаму ќе можат да ја посетуваат Аја Софија, и тоа бесплатно, а фреските на sидовите ќе бидат покривани со завеси само за време на молитвите во џамијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk