Превозник "Gea Tours" кој превезувал патниците од Србија во Грција на својот сајт дал објаснување дека превозот за Грција се запира за неодредено време.
Тоа значи дека сите патници кои дошле со овој превозник во Грција оставени се самите да се снаоѓаат за превоз, без никакви предходни најави и известувања.
Информацијата дека го стопира понатомошниот превоз до Грција, оваа туристичка агенција ја објавила на социјалните мрежи.
“На сето тоа грчките погранични служби оневозможуваат комби превоз, и не сме во можност да продолжеме со превоз понатаму. Доколку дојде до промена, благовемено ќе ве известеме на ФБ и ИГ мрежата и на нашиот сајт. Екипа на Gea Tours", пишува на својот официјален сајт.
Како причина за прекин на превозот од агенцијата во коментарите под објавата наведнаведуваат дека ги “рекетираат“ во Грција и им ставаат до знаење дека не се пожелни.
“Не се само огромни и безобразни казни, мачење на патниците и возачите, туку и техничка неможност да возиме до Грција. Едноставно не рекетираат и ни даваат до знаење дека сме непожелни. Нема кој да не заштити на граничните премини колу и да превезуваме патници.
СТРАШНИ НИ Е КРИВО ШТО ТОА СЕ СЛУЧУВА СО ЗЕМЈА КОЈА НИ Е НАВОДНО ПРИЈАТЕЛ. НЕ МАЧАТ ШТО СМЕ СРБИ. НЕМА ВРСКА СО ПРОПИСИ, ИНСИСТИРААТ ПАТНИЦИТЕ ДА СЕ ПРВЕЗУВААТ СО НИВНИТЕ РЕДОВНИ ПРЕВОЗНИЦИ“ соопштено е од оваа фирма.
Извор: В92 ср.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата