logo
logo
logo

ВО САРАЕВО ОТКАЖАН ДОЧЕКОТ НА НОВА ГОДИНА: Епидемијата го спречи ЈАВНОТО собирање

Vecer | 02.12.2021

ВО САРАЕВО ОТКАЖАН ДОЧЕКОТ НА НОВА ГОДИНА: Епидемијата го спречи ЈАВНОТО собирање

Иако беше договорено на седница , градот во соработка со туристичката заедница на Кантонот Сараево ќе учествува во креирање на настаните кои се го оживеат новогодишниот дух, сепак  градското собрание на Сараево изгласа откажување на дочекот на Нова година, поради можно влошување на епидемиолошката ситуација.

Оваа одлука е донесена со мнозинство од 20 гласа за, еден бил против, а четворица воздржани.

Се уште не е одлучено на што ќе бидат потрошени 50.000 конветибилни марки (25 илјади евра) кои биле планирани за организирање на Нова година. Оваа одлука треба да биде донесена на следната седница на Градското собрание.

Од кризниот штаб при Министерството на Кантонот Сараево за Кликс.ба велат дека тие дале јасни насоки за организирање на ваков настан во време на пандемија, но дека не давале никакви препораки за неодржување на настанот.

Слични насоки се дадени и за организирање на зимската сезона на Бјелашница и Игман.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk