logo
logo
logo

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА СРБИЈА: Поради раст од 6 отсто, големо зголемување на плати и пензии

Vecer | 15.05.2021

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА СРБИЈА: Поради раст од 6 отсто, големо зголемување на плати и пензии

Министерот за финансии Синиша Мали очекува Србија да оствари економски раст од шест отсто, истакнувајќи дека тоа отвара можност за големо зголемување на плати и пензии кон крај на годината и покрај пандемија на корона вирус и во најголемата светска економска криза.

Мали на ТВ Пинк потсетил дека ММФ пред некој ден и ја корегирал проекцијата на порастот на српската економија за оваа година на шест отсто, потсетувајќеи дека таа бројка пред неколку дена била 5 отсто.

Додал дека и ЕК ја зголемила прогнозата за расот на српската економија од 4,8 на 5,3 отсдто.

Пораст од шест отсто бил планиран но како што кажуваат, се сметало дека првиот квартал ќе биде минус 1,3 отсто, меѓутоа, првиот квартал покажал раст од плус 1,2 отсто.

Иако и понатаму сме внимателни и конзервативни, можеме да кажеме дека ќе одиме преку шест отсто. Тоа не само што ја потврдува исправноста на нашата политика туку и на граѓаните им дава оптимизам, бидејќи тоа значи повеќе пари во буџетот, повеќе вработувања, се отвараат многу можности за големо зголемување на плати и пензии до крај на годината.

Таквиот раст, истакнал Мали, ја потврдува одлуката за двата пакета, како и овој третиот кој се исплаќа, биле исправни.

Како за потсетување, државата помогнала во приватниот сектор, на граѓаните, пензионерите, невработените, набавубала респиратори, маски, медицинска опрема...

- Немате ни масовни отпуштања во Србија, затворање фабрики како тоа што се случувало во другиу земји. Ние на реален начин ја дефиниравме економската политика и го подржавме опстојувањето на нашата економија и на граѓаните во време на најголема економска криза – подвлекол Мали.

Тој потсетил дека целта е до 2025 година просечната плата да биде 900 евра, а пензиите 430-440 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk