logo
logo
logo

Балканот во исчекување: Ќе се објават имињата од српската политичка сцена кои го штителе Веља Невоља

Vecer | 19.03.2021

Балканот во исчекување: Ќе се објават имињата од српската политичка сцена кои го штителе Веља Невоља

Политичари од власта и опозицијата биле во контакт со уапсениот водач на криминалниот клан Вељко Беливук (Веља Невоља), вели Светозар Вујачиќ, советник на министерот за внатрешни работи Александар Вулин.

-Тие му овозможиле да го направи она што го правел, а за тоа му овозможувале и заштита додаде тој.

Вујачиќ рече дека со нарачателот на бруталните убиства контактирале актери, спортисти и пејачи и дека јавноста буквално ќе се зачуди кога ќе се откријат нивните имиња.

– Криминалната група на Беливук имала свои луѓе во обвинителството, судот и во државните органи и меѓу политичарите, од кои некои беа на високи позиции во државата. Без таа поддршка, тој немало да може да го стори она што го сторил. Тие документи се чуваат како строго доверливи и во оваа фаза, назначувањето на кој било од пријателите на Беливук би наштетило на истражната постапка – посочува Вујачиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk