logo
logo
logo

Србија објави детали од аспењата на мафијата, и дека нарачале 14 милиони вакцини

Vecer | 06.03.2021

Србија објави детали од аспењата на мафијата, и дека нарачале 14 милиони вакцини

По одржана седница на Националниот совет на Србија јавноста беше известена дека Србија нарачала 14,8 милиони вакцини, практично по две дози за секој граѓанин. Досега се вакцинирани близу еден милион луѓе.

Она што јавноста во Србија, и регионот особено ја интересира е состојбата со истрагите и апсењата во разбивањето на криминалните банкди од Србија и Црна Гора кои се осомничени за серија најтешки клривични дела, вклучително и намера за елиминација на луѓе од државниот врв и обид за државен удар во Србија.

Биле прислушкувани 1.572 телефонски разговори на српскиот претседател Алкеснадар Вучиќ и членови на неговото семејство. Вучиќ објави дека во истрагите користеле и високо софтицирана опрема “од пријателски држави“ која многу им помогнала во прибирањето на нови докази.

На прес конференцијата беа прикажани и неколку фотографии на масакрирани лица и специјално оружје со кое располагале криминалните групи, вклучитно и наменска пушка со снајпер. Запленети се 21 софистицирана пушка, снајпери, автоматско оружје какво се наоѓа кај специјланите полициски единици.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk