logo
logo
logo

Инфлуенсерка во Црна Гора: “ПА ВАКВИ ЦЕНИ НЕМА НИ НА СЕЈШЕЛИТЕ ИЛИ ФИЏИ“

Vecer | 07.08.2026

Инфлуенсерка во Црна Гора: “ПА ВАКВИ ЦЕНИ НЕМА НИ НА СЕЈШЕЛИТЕ ИЛИ ФИЏИ“

За време на престојот во Црна Гора, Кејт ги посети Свети Стефан и две луксузни плажи - Милочер, позната и како плажата Кралска плажа на српската династија Краѓорѓевиќ и плажа до познатотиот луксузен комплекс Свети стефан.

Свети Стефан
Свети Стефан

Кејт е позната инфлуенсерка од Холандија, која патува низ Европа со својата препознатлива розова веспа, ја посети Црна Гора минатата недела. На својот Инстаграм профил редовно ги споделува своите патни впечатоци, презентира интересни факти за европските градови и знаменитости и споредува цени на туристичките дестинации.

За време на престојот, таа ги посети Свети Стефан и Кралската плажа цената за изнајмување чадор и две лежалки на двете плажи е дури 200 евра - дневно.

Кејт забележа дека Кралската плажа е целосно празна, додека на плажата до Свети Стефан, како што вели, имало посетители и претходно, но во моментот на нејзиното пристигнување таму речиси и да немало никој.

Кралската плажа, Милочер
Кралската плажа, Милочер

На крајот, таа избрала друга плажа каде што изнајмувањето лежалка и чадор чинела 30 евра, а особено била изненадена од контрастот помеѓу високите цени и речиси празните луксузни плажи.

„Никогаш не сум видела вакви цени на Сејшелите или Фиџи“, напиша таа во објава на Инстаграм.

Туризмот, особено по двете години Ковид епидемија, има експлозија на цените и одењето на море станува траума со долгорочни последици од трошоцит наместо одмор од обврските и создавање мир и опуштање пред новите предизвици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk