logo
logo
logo

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД - НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Vecer | 21.12.2025

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД - НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“.

Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж и жена се извлечени од автомобилот со германски регистарски таблички, а едно лице е однесено во болница.

Несреќата се случила на раскрсницата Умчари.

Возачот и сопатникот (маж и жена) кои се државјани на Северна Македонија загинале, а еден сопатник од возилото е примен во болница со тешки повреди.

Истрагата е во тек. Причината за несреќата ќе се утврдува.

Фото: ПинкТВ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk