logo
logo
logo

САРАЕВО ЛИ Е ИЛИ СЕПАК НЕ Е? Толку е загадено што луѓето залутале по пат до дома

Vecer | 19.12.2025

САРАЕВО ЛИ Е ИЛИ СЕПАК НЕ Е? Толку е загадено што луѓето залутале по пат до дома

Маглата е главна но, не и едниствена важна последица на загадувањето што се акумулира во сараевскиот басен со децении. Нивото на токсични честички PM2.5 повремено го надминува дозволеното ниво за десет пати.

Поради екстремно високото загадување на воздухот што предизвика густа магла, денес во Сараево беа откажани авионски летови, властите повикаа децата да останат во своите домови, а жителите на Сараево носеа маски на улиците.

Како што објавија сараевските медиуми, утрово од слојот густа магла што го покри главниот град на Босна и Херцеговина беа видливи само врвовите на солитерите.

Поради маглата, неколку летови од аеродромот во Сараево беа откажани, некои граѓани носеа маски на лицето, а локалните власти, со забрана за градежни работи на отворено, им советуваа на децата да останат во затворен простор.

Густата магла е традиционална појава во Сараево со децении, главно поради загадувањето на воздухот што се наталожува во басенот каде што се наоѓа главниот град на Босна и Херцеговина.

Нивото на загадување на воздухот е десет пати повисоко од дозволеното

Сараевските медиуми го цитираат предупредувањето на експерт од Метеоролошкиот институт, Енис Кречиниќ, кој предупреди дека нивото на токсични честички во Сараево понекогаш е десет пати повисоко од дозволеното.

Според податоците од веб-страницата AirVisual, индексот на загадување на воздухот во Сараево е 186, што го квалификува воздухот како „нездрав“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk