logo
logo
logo

ДЕН НА ОДЛУКА ВО БУГАРИЈА - Може ли Румен Радев да донесе политички пресврт?

Vecer | 19.04.2026

ДЕН НА ОДЛУКА ВО БУГАРИЈА - Може ли Румен Радев да донесе политички пресврт?

Граѓаните на Бугарија денеска излегуваат на клучни парламентарни избори кои треба да одлучат дали земјата конечно ќе добие стабилна власт или ќе потоне во уште подлабока криза. Гласањето за 52. состав на Народното собрание се одвива во тензична атмосфера, по падот на претходната влада на Росен Желјазков и масовните граѓански протести кои ја одбележаа 2025 година.

Избирачките места се отворени од 7 часот наутро за повеќе од 6,6 милиони гласачи, кои својата волја ја изразуваат на околу 12.000 локации во земјата и во дијаспората низ 50 држави. Главниот фокус на овие избори е Румен Радев и неговата новоформирана „Прогресивна Бугарија“. Анкетите го позиционираат Радев како фаворит пред традиционалните блокови ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ, но клучното прашање останува: дали тој ќе успее да освои доволно мандати за да го „демонтира“ стариот систем или Бугарија повторно ќе влезе во мачни коалициски пазарења.

Денешниот изборен ден се толкува како историска раскрсница помеѓу радикално рестартирање на системот и продолжување на политичката нестабилност што трае веќе пет години. Доколку резултатот биде фрагментиран, Софија ризикува нова блокада која дополнително би ја разнишала довербата на граѓаните во институциите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk