logo
logo
logo

НЕМА ДА ГО ПРИЗНАЕМЕ КОСОВО, рече Вучиќ на годишнината од Бриселскиот договор

Vecer | 18.04.2026

НЕМА ДА ГО ПРИЗНАЕМЕ КОСОВО, рече Вучиќ на годишнината од Бриселскиот договор

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во интервју за „Косово онлајн“ по повод тринаесетгодишнината од потпишувањето на Бриселскиот договор, истакна дека документот потпишан на 19 април 2013 година бил „најмалку лошото решение“ во тогашните речиси невозможни услови. Тој призна дека во тој период верувал во можноста за вистински мир и стабилност со Албанците, но оцени дека времето го демантирало во неговите очекувања.

Според Вучиќ, најголемиот пораз на меѓународната заедница е фактот што клучните точки од договорот кои се однесуваат на формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО) останаа неисполнети. Тој упати директни критики кон Европската Унија како гарант на договорот, нагласувајќи дека поминатите 13 години се всушност „години на лаги“.

Претседателот изрази скептицизам дека Приштина некогаш ќе ја формира ЗСО во нејзината изворна форма. Наместо тоа, тој очекува нови притисоци од меѓународните партнери за прифаќање алтернативни решенија кои би биле во рамките на косовскиот систем. Вучиќ порача дека резервоарот на лаги е исцрпен и дека Србија, и покрај сите закани со санкции и политички притисоци, нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk