Граѓаните кои патуваат низ Србија се цел на софистицирана интернет-измама во која лажно се користи името на претпријатието „Патишта на Србија“.
Преку СМС-пораки се бара итна исплата на наводни казни, но официјалните власти потврдуваат дека тие не користат такви канали за комуникација со корисниците.
Препораката е сите сомнителни пораки веднаш да се избришат, а испратените линкови да се игнорираат за да се избегне финансиска штета и кражба на идентитетот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата