Парламентарните избори во Словенија донесоа тесен резултат. Иако партијата Движење за слобода на премиерот Роберт Голоб освои најмногу гласови, постојната владина коалиција повеќе нема мнозинство во парламентот.
Изборната трка беше тесна до последен момент. На крајот, партијата на Голоб повторно го освои првото место — но далеку помалку убедливо отколку на претходните избори, помалку од 1% е разликата која е толку мала што може да биде основана и врз галсачка грешка при гласањето.
Движење за слобода доби околу 28,6% од гласовите, додека десно-конзервативната СДС на Јанез Јанша освои околу 28%, односно само половина процент помалку.
Социјалдемократите и Левицата, коалициските партнери на Голоб во досегашната влада, заедно со него повеќе не обезбедуваат парламентарно мнозинство. И покрај тоа, Голоб во обраќањето до поддржувачите изрази благодарност и оптимизам.
„Ви благодарам што ѝ ја дадовте вашата доверба на слободата и што ни овозможивте да бидеме релативен победник на овие избори“, рече тој. „Во следните денови ќе се сретнеме со сите избрани партии со цел да формираме заедничка влада.“
Нема мнозинство – ниту на власта, ниту на опозицијата
Земјата-членка на ЕУ и НАТО се соочува со тежок процес на формирање влада. Ниту левиот ниту десниот блок го немаат потребното мнозинство од 46 места во парламентот со 90 места.
Опозицискиот десен блок, предводен од СДС на Јанша, исто така не стигнува до 46 пратеници.
Во ваков распоред, улога на „јазиче на вагата“ би можела да ја има антивладината партијата Ресни.ца, позната по проруските позиции и политичка непредвидливост. Формирање коалиција со таков партнер се смета за исклучително неизвесно.
Голема коалиција помеѓу Голоб и Јанша, пак, е оценета како речиси невозможна поради длабоката идеолошка поделеност и долготрајната политичка поларизација во земјата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата