Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кои го предводеа Европскиот фронт, на денешната прес-конференција во Мала Речица се жалеше зошто неговата партија не е дел од власта.
„Го започнуваме патувањето да го спречиме ова мнозинство и ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во напорите за заштита на гласот, легитимитетот и духот на Охридскиот договор“, рече Али Ахмети.
На прашањето дали тоа значи улични протести, Ахмети рече дека Фронтот разговарал за сите можности за акција.
Прашан какво е чувството после 16 години да седне на опозизиско столче тој, на албански јазик, одговори во свој стил.
„Јас сум заедно со колегите овде за да го заштитиме освоениот легимитет, почитта на гласачите“, рече Ахмети.
Според Ахмети, за Европскиот фронт, неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата.
„Охридскиот договор не се чита исто од сите политички или јавни кадри, ние не дозволуваме овој договор да биде прекршен“, кажа тој.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите 2016-та година каде победи ВМРО-ДПМНЕ“
-Што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција. Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е СДС, ниту пак одењето на ДУИ има некаква врска со односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците. Затоа што ДУИ не се само Албанците во Македонија, ДУИ е сегментот кој ги крадеше Албанците исто како и Македонците. Ако Ахмети мисли дека нови и антидржавни етнички барања преточени во документи и платформи ќе го спаси од одење во опозиција и ќе ги сокрие криминалите на неговата партија, треба да знае само дека тоа забрзано ќе му ја заврши кариерата, стои во партиското соопштение, во кое на крај се додава дека е „исполнето првото ветување“ на партијата, а тоа е „ДУИ во опозиција“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата