logo
logo
logo

РАИ: Конте и Наполи се договориле за тригодишна соработка

Vecer | 27.04.2024

РАИ: Конте и Наполи се договориле за тригодишна соработка

Антонио Конте се враќа на тренерската работа. Според италијанскиот медиумски сервис „РАИ Спорт“, Конте и Наполи се согласиле за тригодишна соработка. Од друга страна „Калчонаполи24“ исто така пишува дека Конте ќе биде новиот тренер на Наполи, а ќе заработува по 6,5 милиони евра по сезона.
Наполи оваа сезона имаше три тренери: Руди Гарсија, Валтер Мацари и Франческо Калцона.
Конте е без работа по напуштањето на Тотенхем во вториот дел од сезоната 2022/23. Претходно тој работеше во Интер, Челзи и Јувентус.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk