Здравко Чолиќ (72) не се гледа во јавноста освен кога има концерти, а сите што се прашуваат како му изгледа денот - еве го одговорот.
Познатиот Чола знае како да ужива, а сето тоа често го прави сам. Така било и овој пат кога бил снимен е додека ја напушта својата вила и заминува кон една шума надвор од центарот на градот, во сосема опуштено издание - тренирки, патики и ранец на грбот.
Таму седнал во ресторан, а бидејќи не било премногу студено, избрал да ужива во празната градина од локалот.
Чола решил попладнето да го помине со добро шише вино. А добро му тргнало, па откако сам испил едно, си нарачал и друго, но не го довршил.
После тоа, Чола седнал во автомобилот и самиот се одвезол до куќата која се наоѓа на мирна улица во делот на Белград кој важи за една од поскапите области.