„Пристап до електричната мрежа“ како нова ставка, но уверување дека постојната ставка „мрежарина“ ќе биде пониска, повисока цена од државното производство на струја како една од ставките до конечната пресметка на новата цена, евтина тарифа што доаѓа постепено кај потрошувачите – се новините што го окупираат вниманието на сите граѓани како секојдневни потрошувачи на електричната енергија.
Веста за новата ставка „пристап до мрежа“ внесе голема вознемиреност кај граѓаните. Но, од таа ставка, како што изјави за „Слободен печат“ претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, домаќинствата не треба да се плашат, затоа што истовремено ќе се намали „мрежарината“
– Сите домаќинства ќе имаат иста ставка „пристап на мрежа“. Тоа се прави од следниве причини. Ако некој постави на куќа фотоволтаик, се намалува вкупната потрошувачка на електрична енергија. Ние, пак, определуваме приходи на компаниите и делиме со потрошувачката и кога ќе го направиме тоа, се добива повисока цена. Нема потреба некој да плаќа за некој што поставил фотоволтаик. Заради тоа имаме нова ставка „пристап до мрежа“, но ставката „пристапот на мрежа“ ќе се намали – вели Бислимоски.
Според Бислимоски, фиксниот износ „пристап до мрежа“ ќе биде околу 200 денари месечно, па така, ако некој и воопшто не запали светло, некаде, во некоја викендичка, ќе мора да си го плати месечниот надоместок за тоа што има пристап до мрежата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата