logo
logo
logo

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Vecer | 16.12.2025

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Продолжува новогодишната магија во Дајмонд мол. Почна Новогодишниот базар, кој нуди голем избор на подароци и сувенири во празничен дух. Новогодишниот базар ќе трае до 28 декември, а во истиот период посетителите ќе можат да уживаат во виртуелно патување на Северниот пол и да пазаруваат во продавниците на Дедо Мраз.

Викендите до Нова година ќе бидат исполнети со атрактивни содржини за најмладите. Па така, на 20 декември ќе се одржи концертот со детски песни „Поточиња“, а на 21 декември ќе биде организирана креативна работилница на која децата ќе бојат и украсуваат новогодишни ѕвезди и снегулки и ќе се одржи филмски маратон посветен на доживувањата на омилените детски јунаци Биби и Боби.

Програмата за деца продолжува на 27 декември со креативна работилница за новогодишни украси од шишарки и памук, а истиот ден децата ќе можат да се дружат со Дедо Мраз од Заз. 28 декември е резервиран за уште една креативна работилница, овој пат за изработка на новогодишни елки од хартија, но и за големиот новогодишен концерт на Биби и Боби.

Дополнително, посетителите на Дајмонд мол, во текот на викендите ќе можат да направат новогодишни фотографии со магичното огледало, но и да ја искористат специјалната апликација за умните деца да го известат Дедо Мраз со порака и да добијат диплома од него.

Дајмонд мол ја започна новогодишната програма на 6 декември со понуда на разновидни содржини. Се одржаа неколку креативни работилници, како и работилница со популарниот лик од истоимената книга Исидора Мун, во соработка со издавачката куќа Литература. Беше организирано и големото шоу со Петко и фамилијата 5+, а се изработуваа и украси од чоколадо со познатиот лик Роки од Винчини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk