logo
logo
logo

Дачиќ: Прават се Косово да биде примено во Советот на Европа

Vecer | 26.03.2024

Дачиќ: Прават се Косово да биде примено во Советот на Европа

„Претстојната седница на Советот на Европа на која треба да се разгледа барањето за членство на Косово во оваа организација е свикана со цел т.н. Косово да ја обезбеди својата независност“, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, наведувајќи дека ова е продолжение на се она што започна со агресијата на НАТО врз СР Југославија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тие едноставно не можат да веруваат дека толку мала земја како Србија се бори на меѓународно ниво да не се реализира целосната независност на Косово. И се прашуваат како е можно земјите да го повлекуваат признавањето. Денес 109 земји не го признаваат Косово, 84 го признаваат, изјави Дачиќ за новинарите во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, откако Советот за безбедност на ОН, со жестоко противење од Русија, ја отфрли расправата за 25 годишницата од почетокот на НАТО бомбардирањето на СР Југославија.

Дачиќ посочи дека меѓународната заедница побарала од Приштина да се формира Заедницата на српските општини на Косово, но од тоа се отстапило и започнала процедурата за прием на Косово во Советот на Европа.

Тој потсети дека известувачот за прием на Косово до Советот на Европа Дора Бакојани дала позитивно мислење за влезот на на Косово во Советот на Европа.

Дачиќ изјави дека мислењето на Дора Бакојани ќе наиде на одобрување, бидејќи најголемиот број земји под влијание на Западот ја признале независноста на Косово.

-Потоа, во април, веројатно ќе се оди на Парламентарното собрание на Советот на Европа, што значи дека нè очекува тежок период и, се разбира, период кога навистина треба да ги преиспитате принципите на кои се потпира сето тоа. Ако веќе не е важно дали некоја земја е меѓународно призната или не, ако веќе не е важно дали дел од територијата може да се отцепи и да стане членка на Советот на Европа, каде е крајот на сето тоа? Или некој мисли дека ова може да важи само за Србија? Сериозно размислуваме како да се однесуваме во ситуација кога грубо се прекршуваат меѓународните принципи, рече Дачиќ и посочи дека, од друга страна, мора да се земе предвид меѓународната позиција на Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk