logo
logo
logo

ЗОШТО БРЕГОВИЌ ИМА ЗАБРАНА ВО ЛАТВИЈА, eве што вели музичарот: „Не би поддржал таква работа“

Vecer | 12.05.2025

ЗОШТО БРЕГОВИЌ ИМА ЗАБРАНА ВО ЛАТВИЈА, eве што вели музичарот: „Не би поддржал таква работа“

На легендарниот музичар Горан Бреговиќ официјално му е забранет влез во Латвија, каде што требаше да настапи ова лето.

Веста дека на легендарниот музичар Горан Бреговиќ му е забранет влез во Латвија ги изненади многумина, но повеќето беа уште поизненадени што тој воопшто не реагираше на забраната.

Кон крајот на април, латвискиот министер за внатрешни работи Рихардс Козловскис објави дека донел одлука да му забрани влез во земјата на музичарот Горан Бреговиќ, објави латвискиот портал LSM.lv.

Козловскис објасни дека Бреговиќ бил ставен на таканаречената црна листа на барање на Службата за национална безбедност.

„Основната порака е поддршка за агресија против Украина, учество во јавни настани на окупираните територии. Ние како Латвија ја поддржуваме Украина и ќе продолжиме да ја поддржуваме, така што тоа е целосно неприфатливо за нас во овој случај“, рече тогаш министерот.

Бреговиќ одлучи да се објави една недела подоцна.

„Доаѓам од Сараево, град обележан со војна. Го носам тоа сеќавање длабоко во мене и никогаш не би поддржал никаква војна, никаква агресија“, рече Бреговиќ, а потоа додаде: „Музиката отсекогаш ми била начин да барам хармонија, и меѓу луѓето и меѓу културите и емоциите. Во секој ритам барам единство. Во секоја мелодија, малку мир. Тоа е она што отсекогаш сум се надевал да го споделам.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk