Филмот „Anatomy d'une chute“ (Анатомија на еден пад) ја освои главната награда, додека оваа година во трката имаше 21 филм. Жистин Трије стана треттата наградена режисерка во историјата на фестивалот во Кан.
Претседател на жирито беше шведскиот режисер Рубен Остлунд, минатогодишен добитник на Златната палма за филмот „Триаголник на тагата“. Заштитно лице на фестивалот годинава беше француската актерка Катрин Денев.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата