logo
logo
logo

Златна малина: Избран најлошиот филм за 2024 година.

Vecer | 02.03.2025

Златна малина: Избран најлошиот филм за 2024 година.

Пред утрешното доделувањето на Оскарите, традиционално се објавуваат најважните филмски награди во историјата на седмата уметност, добитниците на Златната малина, наградата за најлошите достигнувања на големото платно во изминатата година, кои никој не сака да ги освои.

 Наградата „Златна малина“  за најлош филм годинава ја предводеше филмот „Joker: Folie à Deux“ со седум номинации, а потоа следат филмовите „ Madame Web“, „Megalopolis“, „Borderlands“ и „Reagan“ со само една номинација помалку.

Победник или подобро кажано губитник на вечерта беше филмот Мадам Веб, кој покрај наградата за најлош филм, ги однесе и наградите за најлошо сценарио и за најлоша главна актерка.

Најлошиот актер беше комичарот Џери Сајнфелд, чија комедија „Unfrosted“ за многумина не беше смешна.

Френсис Форд Копола е прогласен за најлош режисер.

Инаку, првата награда „Златна малина“ е одржана во 1981 година, а апсолутен рекордер е актерот Силвестер Сталоне, кој може да се пофали со 12 награди и преку 20 номинации.

Добитници на Златна малина за минатата година.

Најлошиот филм Мадам Веб

Најлошиот актер Џери Сајнфелд (Немрзнат)

Најлошата актерка Дакота Џонсон (Мадам Веб)

Најлошиот спореден актер Џон Војт (Мегалополис, Реган, Земја на сенки и странци)

Најлоша споредна актерка Ејми Шумер (Немрзнат) Најлошиот режисер Френсис Форд Копола (Мегалополис)

Најлошиот филмски пар Хоакин Феникс и Лејди Гага (Џокер: Folie a Deux)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk