На насловната страница на Вог, Леони е облечена малку полежерно, во фармерки и кожна јакна, во комбинација со слушалки, а тука беа и неизбежните очила за сонце кои на сè му дадоа доза на драма.
Самата Леони не очекуваше толку брзо да заврши на престижната насловна страница, а призна и дека таа и нејзината мајка ги одбрале фотографиите што ќе бидат вклучени во списанието.
Нејзината постара сестра, Дева, веќе ги освои срцата на публиката. - Не очекував сè да се случи толку брзо. Сè уште не можам да поверувам што ми се случува. Се радувам на нови познанства и запознавање луѓе.
Една од моите омилени фотографии е онаа каде што јас и мајка ми се шминкаме заедно. И на неа ѝ се допаѓа - изјави таа за Vogue.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата