logo
logo
logo

Жената во црвено на „ИТВ Палуза“ ги украде погледите на цел Лондон со екстремното деколте

Vecer | 25.11.2021

Жената во црвено на „ИТВ Палуза“ ги украде погледите на цел Лондон со екстремното деколте

Синоќа во Кралската сала за фестивали (Royal Festival Hall) во Лондон се одржа традиционалниот годишен настан  ИTВ Палуза (ITV Palooza), организиран од британската телевизиска мрежа ИТВ во пресрет на претстојната сезона за да ги претстави своите нови проекти, но и за враќањето на добро познатите, омилени емисии на ТВ екраните. Парадата на познатите убавици ја водеа водителките Лора Витмор и Холи Вилоби во класични, соодветни фустани, но шоуто сепак го украде ѕвездата на реални шоуа Клои Симс, која апсолутно го знае рецептот за привлекување внимание! На црвениот тепих прошета во црвен плишан фустан со огромен шлиц, но вистинската атракција беше нејзиното бујно деколте, кое оваа гламурозна „вамп“ тоалета дополнително го истакна. Погледнете ги изданијата на познатите Британки во нашата галерија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk