logo
logo
logo

Заради КРАЖБАТА на „ТОМА“ реагираше и ФБИ! Пиратите го пуштија филмот на социјалните мрежи

Vecer | 12.10.2021

Заради КРАЖБАТА на „ТОМА“ реагираше и ФБИ! Пиратите го пуштија филмот на социјалните мрежи

И токму кога филмот „Тома“ дојде до неверојатна бројка од 500 000 гледачи, се појави линк со пиратска снимка од филмот на Драган Бјелогрлиќ. Тоа стана централна вест во Србија, а дошла и до агентите на ФБИ кои по итна постапка ги забраниле сните пиратски снимки на филмот на Бјела во Америка и најавиле истрага.

Toma, film

Причината за вмешаноста на ФБИ е тоа што премиерата, како и подоцнежните проекции на филмот на американскиот пазар се очекуваат на 7 ноември. Со оглед на тоа дека се работи за криминал на кој властите во САД е особено чувствителни и не зачудува оваа експресна реакција.

ФБИ е цврсто решен да им застане на пат на пиратерите, кои сакале бесплатно да го делат филмот во пресрет на премиерата. ФБИ би можел да поднесе обвинение за оние кои се обиделе да ја го пласираат нелегално популарниот филм.

Големата американска премиера на „Тома“ е најавена за 7 ноември во Чикаго, каде се снимени осум сцени од филмот за популарниот пејач на народна музика Тома Здравковиќ. Тома во 70-те неколку години од својот живот поминал токму во Чикаго каде и ги напишал своите најубави песни, се оженил со Гордана, но и дознал дека има рак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk