logo
logo
logo

Заработи милиони на модната писта и стана мајка во шестата деценија

Vecer | 14.06.2024

Заработи милиони на модната писта и стана мајка во шестата деценија

Се проценува дека во текот на нејзината успешна кариера како модел заработила преку 80 милиони долари.

Британскиот супермодел Наоми Кембел (54) е една од најуспешните манекенки на сите времиња. Кариерата ја започна како девојче и на седумгодишна возраст се појави во спотот на Боб Марли за песната „Is This Love“.

Нејзината несекојдневна убавина на улиците во Лондон ја забележала Бет Болт, директорка на една од најголемите италијански модни агенции. Наоми имала само 15 години кога започнал нејзиниот вртоглав успех во светот на модата.

Поради нејзиниот грациозен óд, таа го доби прекарот Црниот Пантер, а во текот на кариерата имаше повеќе од 800 насловни страници на сите најголеми модни списанија и прошета по пистата на 1.500 ревии на најпознатите светски дизајнери. За време на нејзината кариера како модел, таа заработила богатство што се проценува на повеќе од 80 милиони долари.

Деца во шестата деценија

Освен по успешната кариера, Наоми е позната и по својот отворен карактер, па скандалите не ја заобиколуваа. Таа се најде во фокусот на вниманието кога со телефон ја гаѓаше својата поранешна асистентка, а таа, пак, ја тужеше за насилство. Кон крајот на деведесеттите години на минатиот век беше на клиника за одвикнување од дрога и алкохол.

Нејзиниот љубовен живот беше прилично турбулентен, а на списокот со нејзини љубовници беа принцот Алберт од Монако, Адам Клејтон, басистот на групата U2, боксерот Мајк Тајсон, холивудскиот актер Џерард Батлер, контроверзниот бизнисмен Флавио Бриаторе, рускиот тајкун Владислав Доронин и многу други.

Иако никогаш не се омажи, таа во 2021 г., доби ќерка во својата шеста деценија, а минатата година со помош на сурогат мајка доби син.

Во неодамнешно интервју за „Сандеј тајмс“ (Sunday Times), Наоми призна дека нема да дозволи нејзините деца да станат дел од модниот свет, особено не толку млади како кога таа ја започнала својата манекенска кариера.

- Не сум сигурна дека би дозволила ќерка ми да се фотографира за магазин на 15 години. Тоа е безмилосен свет. Мојата мајка се согласи да влезам во тој свет на многу млада возраст за да станам финансиски независна. Одлично е ако децата покажат квалитет, но моите деца не мора да се грижат за пари – рече таа, а пренесе порталот „SheKnows“.

Црниот Пантер, како што ја нарекуваат, го запрепасти светот кога на социјалните мрежи во мај 2021 година објави дека станала мајка за прв пат на 51-годишна возраст, а потоа во јуни 2023 година објави дека има син.

Наоми никогаш не објавува детали во врска со нејзините деца, па дури ни нивните имиња.

- Моите бебиња за мене се сè. Сега, кога сум мајка, се плашам за иднината и се надевам на подобар свет за моите деца. Тие ми се приоритет. Морам секогаш да бидам тука за нив – рече таа.

Извор: srecna.republika.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk