logo
logo
logo

Замоци, куќи, автомобили, па дури и остров - како Николас Кејџ ГО СПИСКА СВОЕТО БОГАТСТВО

Vecer | 28.09.2021

Замоци, куќи, автомобили, па дури и остров - како Николас Кејџ ГО СПИСКА СВОЕТО БОГАТСТВО

Богатството на холивудската ѕвезда Николас Кејџ некогаш беше проценето на 150 милиони долари, а денес е шест пати помало затоа што купи куќи, имоти, автомобили и „извртени“ и прилично скапи работи, како што е колекција смалени пигмејски глави.

Тој потроши многу пари за купување недвижности низ целиот свет. Во еден момент, славниот актер поседуваше 15 куќи, вклучувајќи замоци во Англија и Германија, како и имот вреден 25 милиони долари во Калифорнија.

Тој купи остров на Бахамите и една од најпрогонуваните куќи во Америка, која се наоѓа во Њу Орлеанс. Тој во моментов должи 6,3 милиони американски долари данок за неговиот недвижен имот.

Како страстен колекционер на автомобили, тој некогаш имаше дури девет Ролс Ројс и Ламборџини во вредност од 450 илјади долари.

Она што е тешко да се објасни е потребата да се купат некои од „чудните“ работи.

Актерот поседува череп од диносаурус стар 70 милиони години, вреден 276.000 долари, гробница во форма на пирамида висока околу три метри во која сака да биде погребан, и октопод во вредност од 150.000 долари, што наводно му помага во актерството.

Тој исто така поседува завидна колекција стрипови вредна 1,6 милиони долари, која го вклучува првиот стрип за Супермен за кој плати 150.000 долари.

Тој го обвини својот поранешен менаџер Самуел Левин за загубата на неговото богатство, кого го тужеше и за ризични инвестиции кои завршија со големи загуби.

Левин еднаш изјави дека Кејџ „троши неконтролирано“ и дека треба да заработува 30 милиони долари годишно за да може да го одржи својот животен стил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk