logo
logo
logo

Закажано судењето по тужбите на Блејк Лајвли за сексуално вознемирување

Vecer | 28.01.2025

Закажано судењето по тужбите на Блејк Лајвли за сексуално вознемирување

 И двата случаи по тужбите на Лајвли се закажани за судење на 9 март 2026 година, наведе судијата Луис Џ. Лиман од Окружниот суд на САД за Јужниот Округ во Њујорк.

Лајвли, инаку, го тужи филмското студио „Вејферер“ (Wayfarer), Балдони - режисерот на филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us) каде што таа глумеше, како и продуцентот Џејми Хит, публицистката на Балдони - Џенифер Абел, публицистката Мелиса Нејтан и повеќе други личности. Глумицата тврди дека била жртва на сексуално вознемирување и на кампања за оцрнување почната „како одмазда“, за таа да не проговори за тоа недолично однесување. Балдони ги отфрли обвинувањата за сексуално вознемирување.

Тој пак, поднесе противтужба кон Лајвли, нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс и нивниот публицист Лесли Слоун, за клевета и изнуда. Бараната отштета е 400 милиони долари.

Правниот стручњак Грегори Дол од Лос Анџелес, кој не застапува ниту една од страните, неодамна изјави за „Пипл“ дека очекува спогодбата да се случи пред случаите да стигнат до судење.  /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk