logo
logo
logo

Загина позната турска пејачка- паднала од балкон

Vecer | 26.09.2025

Загина позната турска пејачка- паднала од балкон

Веста за смртта на уметницата ја објави нејзиниот аранжер Мустафа Арапоглу.

Синот на пејачката се огласи по обвинувањата дека Ѓуллу се обидела да си го одземе животот и нагласи дека тоа не е точно.

- Гласините за самоубиство што кружат на социјалните мрежи се неточни. Ја изгубивме Ѓуллу во несреќа што се случи во текот на ноќта. Ќе споделам информации за погребот преку Инстаграм. Почивај во мир - напиша синот на пејачката.

Која е Ѓулу?

Ѓуллу, која имала тешко детство и која ја започнала својата кариера пеејќи во ноќни клубови како дете, е родена во 1973 година во населбата Касимпаша во општина Бејоглу во Истанбул.

Во 1988 година, на само 15-годишна возраст, таа почнала да настапува во сали за венчавки. Поради нејзината младост, сопствениците на кабареа првично не се осмелиле да ѝ дадат работа, па затоа морала да се врати на училиште. Поради лошата финансиска состојба на нејзиното семејство, таа набрзо го напуштила училиштето и се посветила на пејачката кариера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk