logo
logo
logo

Заедно беа 24 години, а сега Грашо чека дете со друга... Се огласи Данијела Мартиновиќ

Vecer | 13.01.2022

Заедно беа 24 години, а сега Грашо чека дете со друга... Се огласи Данијела Мартиновиќ

Веста дека Петар Грашо и неговата девојка Хана Хуљиќ ќе станат родители, е потврдена.

„Информациите за бременоста на Хана Хуљиќ се точни. Семејството и пријателите се многу среќни. Како што знаете, Хана и Петар секогаш, а и ќе продолжат да се трудат, да ја држат својата интимност подалеку од очите на јавноста. Тие сè уште немаат планови за венчавка“, рекла Мартина Подгорски ПР на Петар Грашо.

Семејствата и пријателите се израдувале на веста, а некои биле изненадени затоа што Петар Грашо пред Хана беше во љубов со својата колешка Данијела Мартиновиќ и тоа цели 24 години. Таа сега за прв пат се огласи со порака и покажа дека е силна.

„Каков би бил светот ако некои големи луѓе низ историјата се откажале затоа што никој не бил до или пред нив да им аплаудира. А историјата ја менувале поединци, не групи, не чопори...“, стои во текстот на Данијела објавен на Инстаграм.

Додека беа во врска Данијела и Петар таа во неколку наврати изјави дека неостварена желба и е да стане мајка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk