logo
logo
logo

За семејството на починатито актер Џејмс Ван Дер Бик се собрани над милион долари за 24 часа

Vecer | 12.02.2026

За семејството на починатито актер Џејмс Ван Дер Бик се собрани над милион долари за 24 часа

Кампањата ја започнаа пријатели за финансиски да им помогнат на неговата сопруга и нивните шест деца по смртта на актерот.

Ѕвездата од „Досонс Крик“ почина во среда наутро на 49-годишна возраст по борба со рак на дебелото црево. Ван Дер Бик објави во ноември 2024 година дека му е дијагностицирана болеста во август 2023 година и дека се справувал со неа приватно.

Пријателите започнаа кампања за помош на семејството

Кратко по веста за неговата смрт, кругот на блиски пријатели на Ван Дер Бик започна кампања GoFundMe за неговата сопруга, Кимберли Ван Дер Бик, и нивните шест деца. Тие изјавија дека бараат финансиска помош бидејќи високите медицински трошоци го оставија семејството без средства.

Кимберли, исто така, го сподели линкот на своите социјални мрежи, пишувајќи: „Пријателите ја започнаа оваа кампања за да ми помогнат мене и на децата во овој тежок период. Благодарна сум и скршена од срце.“

До доцна во среда навечер, беа собрани 346.943 долари од целта од 550.000 долари. Но, само неколку часа подоцна, до 6 часот наутро во четврток, износот надмина 1 милион долари, а новата цел беше зголемена на 1,3 милиони долари.

Меѓу донаторите се познати имиња

Наводно, меѓу донаторите имало многу познати холивудски имиња. Добитничката на Оскар, Зои Салдања (брачно име Зои Салдања-Перего) донирала 2.500 долари месечно. Лин Лир, вдовица на Норман Лир, донирала 5.000 долари месечно, како и јутјуберот Коди Санчез. Продуцентот и коосновач на платформата Cameo, Мартин Бленкоу, донирал 10.000 долари, а познатиот музички менаџер Гај Осеари донирал иста сума. Телевизиската сценаристка и продуцентка Џули Плек донираше 5.000 долари.

„Семејството се обидува да го задржи својот дом“

Во описот на кампањата на страницата GoFundMe се наведува дека семејството се соочува со тешка ситуација. „По оваа загуба, Кимберли и децата се соочуваат со неизвесна иднина. Трошоците за лекување на Џејмс и долгогодишната борба со ракот го оставија семејството без финансиски средства“, се вели во објавата. „Семејството се обидува да го задржи својот дом и да обезбеди децата да го продолжат своето образование и да одржат барем малку стабилност во овие неверојатно тешки времиња. Поддршката од пријателите, семејството и пошироката заедница ќе биде од клучно значење.“

Пораката продолжува: „Вашата дарежливост ќе им помогне да ги покријат основните трошоци за живот, да платат сметки и да го обезбедат образованието на своите деца. Секоја донација, без оглед на износот, ќе им помогне на Кимберли и нејзиното семејство да најдат надеж и безбедност додека се обидуваат да ги обноват своите животи. Ви благодариме што размислувате да ги поддржите.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk