logo
logo
logo

Ворнер Брос би можеле да откажат филм од 200 милиони долари поради проблематичниот главен актер

Vecer | 14.08.2022

Ворнер Брос би можеле да откажат филм од 200 милиони долари поради проблематичниот главен актер

Не е исклучено директно складирање на филмот на полиците, иако тоа би било последното решение.

Студио Ворнер Брос се надева дека филмот, кој треба да се појави во кината на 23 јуни 2023 година, сепак ќе оди во дистрибуција. Но, притисокот врз студиото се зголемува од ден на ден. Во понеделникот, актерот беше обвинет за тешка кражба, а во средата Ролинг Стоун објави дека државата Вермонт се обидува да ги лоцира мајката и трите деца кои наводно живееле на фармата на Милер. Извор запознаен со ситуацијата вели дека студиото се подготвува за три можни сценарија.

Првото сценарио е 29-годишниот Милер да побара стручна помош откако ќе се врати на својата фарма во Вермонт. Ако тоа се случи, актерот би можел да даде интервју и да го објасни своето проблематично однесување во изминатите неколку години. Филмот на тој начин би почнал да се прикажува во кината според планираното.

Друга опција е дека дури и ако Милер не побара помош, Warner Bros. да го пушти филмот. Во тој случај Милер не би имал истакната улога во маркетингот и промоцијата на филмот, а не би бил Флеш во иднина, туку неговата улога би била сменета, пишува Hollywood Reporter.

Третата можност, најлошата, е студиото да не го пушти филмот затоа што не може повторно да го снима со друг актер. Милер игра повеќе ликови и се појавува во речиси секоја сцена, а откажувањето на филмот вреден 200 милиони долари би бил потег без преседан.

Милер неодамна беше обвинет дека упаднал во семејна куќа во Вермонт, а семејството кое го пријавило инцидентот изјавило дека „неколку шишиња алкохол“ недостасуваат од домот. Полицајците земале изјави и ги прегледале снимките од надзорните камери, по што го обвиниле познатиот актер за провала и кражба.

Ова е последниот во серијата инциденти поврзани со актерот. Во јуни оваа година, списанието „Ролинг Стоун“ објави изјава од човек кој тврдел дека Милер ги сместил сопругата и неговите деца на својот имот, кој наводно е полн со пиштоли и марихуана.

Жената, пак, тврдела дека Милер ги спасил од нејзиниот „насилен поранешен партнер“: „Имотот на Езра ни е засолниште. Можеби има огнено оружје за самоодбрана, но се чува во дел од куќата во која децата никогаш не влегуваат. Моите деца можат повеќе да се релаксираат поради безбедноста и вниманието што им го пружа Езра“.

Покрај тоа, актерот неколку пати бил апсен на Хаваи поради напад и непристојно однесување. 29-годишиот актер, фрлил стол по главата на 26-годишната девојка, која на крајот добила медицински третман поради расекотина на челото.

Исто така, пред неколку месеци родителите на 18-годишна девојка го обвиниле дека психички ја манипулирал и ја малтретирал, што тој го негирал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk