logo
logo
logo

(ВО ЖИВО) ВЕЛЕС ВО ЕДЕН ГЛАС ПЕЕ- Македонијо во срце те носиме

Vecer | 21.09.2023

(ВО ЖИВО) ВЕЛЕС ВО ЕДЕН ГЛАС ПЕЕ- Македонијо во срце те носиме

„Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… вечерва се пејат во Велес, зашто караванот „Македонијо во срце те носиме“ по одличните концерти во Штип и Битола својата мисија ја продолжи во градот на Гемиџиите, родното место на Кочо Рацин, на големиот Прличко, на народниот херој Миле Поп Јорданов, на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Жинзифов

Концертот започна вечерва, в четврток, на 21 септември, во Амфитеатарот во велешкиот Младински парк.

Публиката на едно место ги гледа и слуша Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

[caption id="attachment_1249167" align="alignnone" width="1200"] Фото: Вечер.мк[/caption]

Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk