logo
logo
logo

ВО ЖИВО: Претесно е во Битола - МАКЕДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ (Фото+Видео)

Vecer | 13.09.2023

ВО ЖИВО: Претесно е во Битола - МАКЕДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ (Фото+Видео)

Платото на Офицерскиот дом во Битола е претесен вечерва каде се одржува вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

На сцената публиката ги слуша Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.



Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk