logo
logo
logo

ВО ВИЕНА МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА ПОРАДИ ЦЕЦА: Пејачката спрема спектакл, луѓето правец на пунктовите, а таа им испратила порака

Vecer | 11.11.2021

ВО ВИЕНА МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА ПОРАДИ ЦЕЦА: Пејачката спрема спектакл, луѓето правец на пунктовите, а таа им испратила порака

Пејачката Цеца Рарнатовиќ ќе одржи концерт во Виена. Во стаклената пирамида во јужниот дел на градот ќе биде организиран вистински спектакл...

Од пред неколку дена во Австрија важи правилото за луѓето кои се вакцинирани со една доза и кој има ПРЦ ќе можат да посетуваат објекти од затворен карактер.

Како правилата се строги и мора да се почитуваат, организаторот на своите канали за комуникација почнал да апелира на сите посетители кои ќе доаѓаат ќе мора да ги исполнуваат овие две правила.

Поради ова посетители кои не се вакцинирани одлучиле да се вакцинираат како би можеле да присуствуваат на концертот на Цеца.

Засега има голем интерес. Просторот собира повеќе од 4 илјади луѓе, меѓутоа од градот е дадено одобрение за 2.500 луѓе кои сите мора да бидат вакцинирани и да носат негативен тест бидејќи тоа се единствените услови за да присуствуваат на концертот.

- Во вторникот дибивме информација дека во Виена ваккцинирани се преку 20.000 лица поради правилата кои стапуваа на сила. Тоа на луѓето им дава можност да се движат без проблеми и да одат на концертот – рекол менаџер кој долги години организира концерти на музичките ѕвезди.

- Се радувам на концертот, тоа е она што мене ми дава сила и енергија. Важно е да бидат исполнети сите услови кои се однесуваат на мерките, и ветувам на публиката дека одлично ќе се забавуваме и уште подобро ќе си поминеме – порачала Цеца во пораката

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk