logo
logo
logo

Во родниот Чачак се одбележува годишнината од смртта на Бора Ѓорѓевиќ, „Рибља чорба“ објави емотивен статус

Vecer | 04.09.2025

Во родниот Чачак се одбележува годишнината од смртта на Бора Ѓорѓевиќ, „Рибља чорба“ објави емотивен статус

По тој повод, се огласи бендот Рибља Чорба, во кој Бора Чорба беше фронтмен многу години.

И тоа со емотивен статус на Фејсбук.

„Една година без нашиот драг Бора, нашиот брат Боки. Засекогаш со нас. Борисав Ѓорѓевиќ - Бора (1.11.1952 - 04.09.2024)“, се наведува во објавата.

Борисав Бора Ѓорѓевиќ (Чачак, 1 ноември 1952 - Љубљана, 4 септември 2024), познат по своето уметничко име Бора Чорба, беше српски и југословенски рок-музичар и поет. Ѓорѓевиќ беше главен вокалист и текстописец на рок-групата „Рибља Чорба“ од нејзиното основање во 1978 година. Пред тоа, тој беше член на музичките бендови „Сунчокрет“ и „Рани мраз“.

Бора Чорба беше еден од најпознатите музичари на српската и југословенската рок-сцена, со голем број обожаватели, како и впечатлива и влијателна јавна личност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk