logo
logo
logo

Во прозирна маичка, Меган Фокс ЕДВАЈ ги сокрила градите под сако!

Vecer | 13.06.2021

Во прозирна маичка, Меган Фокс ЕДВАЈ ги сокрила градите под сако!

Според многумина, Меган Фокс е несомнено една од најубавите жени во светот, и секогаш кога ќе излезе во јавноста ги изненадува своите бројни обожаватели. 35-годишната актерка беше уловена од папараците на снимање во Лос Анџелес, а таа носеше мошне интересна комбинација.

Под сакото имаше маичка за која што тешко може да се каже така, а таа едвај ги сокриваше градите од љубопитните очи. Предизвикувачкиот стил го надополни со чевли со високи потпетици, а целата комбинација јасно ја оцртуваше нејзината совршена линија.

Патем, сите светски медиуми пишуваа за врската помеѓу актерката и раперот Машин Ган Кели последната година. Тие, наводно, се вљубиле на прв поглед кога заедно го снимале филмот „Midnight in the Switchgrass“, а таа наскоро поднела барање за развод од актерот Брајан Остин Грин, со кого има три деца.

Таа, исто така, наводно неодамна изјавила дека би сакала да се омажи за своето ново момче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk