logo
logo
logo

Во Лос Анџелес вечер ќе бидат доделени наградите „Златен глобус“

Vecer | 05.01.2025

Во Лос Анџелес вечер ќе бидат доделени наградите „Златен глобус“

Филмот доби номинации во различни категории, вклучително и за најдобра комедија, режија, актер, сценарио и најдобра споредна женска улога.

Меѓу фаворитите е канадскиот филм „Бруталист“, приказна за архитект кој го преживеал Холокаустот, со седум номинации.

Шест номинации доби „Конклава“, филм за папата.

Ѕвездите на филмовите „Бруталист“ и „Конклава“ се Адријен Броди и Ралф Фајнс во улогата на кардинал вмешан во интригите во Ватикан за избор на нов папа.

На списокот на фаворити е и филмот за пејачот и нобеловец Боб Дилан „Целосно странец“ во режија на Тимоти Шаламе.

Во конкуренција за најдобра актерка се натпреваруваат Анџелина Џоли за улогата на оперската дива Марија Калас, Никол Кидман за улогата во филмот „Babygirl“, Кејт Винслет, Фернанда Торес и Памела Андерсон за филмот „The Last Showgirl“.

Доделувањето на наградите „Златен глобус“ ја започнува сезоната на филмски награди во Холивуд.

„Златниот глобус“, американска филмска награда што ја доделува Холивудската асоцијација на странски новинари (HFPA) од 1944 година, често е показател за тоа кои филмови ќе го добијат престижниот „Оскар“. Годинава 97. доделување на „Оскарите“ ќе се одржи на 3 март./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk