Поради инфекција на окото го изгубил видот, а сега е толку лошо што морал да си го поедностави потписот, пишува Дејли Мејл.
Фановите на славниот пејач кои го купија ограниченото издание на неговиот нов албум „Who Believes In Angels? се предупредени дека потписот на Елтон повеќе не е ист.
Наместо име и презиме, пејачот сега се потпишува само со иницијалите Е и буквата „х“ што означува бакнеж.
Поради видно оштетениот вид, Елтон не бил сигурен дали ќе успее да го комплетира претходно споменатиот албум. Но, се чини дека сепак му успеа, бидејќи според досегашните извештаи, албумот треба да излезе на 4 април.
На албумот, музичарот соработуваше со пејачката Бренди Карлиле, со која го изведе и истоимениот сингл, кој го најави албумот.
Инаку, на почетокот на декември 2024 година, Елтон ја изненади публиката во театарот Доминион во лондонскиот Вест Енд, велејќи дека го изгубил видот по тешка инфекција на очите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата