Сите го коментираат изгледот на Влад Георгиев
Синоќа во Белата палата се одржа новогодишната вечера на интернет-магазинот „Журнал“, а еден од гостите беше и Владо Георгиев. Бидејќи од април се нема појавено на јавни настани, сите беа изненадени од тоа колку се променил изгледот на Влад Георгиев за помалку од девет месеци.
Музичарот, како што доликува на една вечер во Белата палата, се појави во смокинг кој на еден од најголемите заводници само пред неколку месеци ќе му изгледаше совршено, но денес не. Имено, Георгиев од април до ноември успеал да накачи значителен број килограми, што може да се види на фотографиите пред вас.

Со оглед на тоа дека ужива во готвењето, зачудувачки е што сите овие години како музичар успеа да одржи совршена фигура.
- Одлично готвам, правам и русваи во кујна - изјави претходно Георгиев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата