Светски познатиот џез и фанк музичар од Охрид, Владимир Четкар, денеска го промовираше новиот музички спот за новиот сингл „A New Day“.
Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид и е во режија на Бојан Симјаноски.
'A New Day ' или 'Нов Ден' е комплетно аввторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, диригент и изведувач (вокал и гитара).
Песната е снимена со жива инструментација во Чикаго во студиото 'Electrical Audio' на познатиот Американски продуцент Стив Албини (познат по соработките со Нирвана, Лед Зепелин и т.н. ) и во 'Hi Fi Studios' во Милвоки.
Уживајте во песната:
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата