logo
logo
logo

Вистина тешка 9 милиони долари: Шокантните тајни на Меган и Хари допрва ќе и носат пари на Опра!

Vecer | 08.03.2021

Вистина тешка 9 милиони долари: Шокантните тајни на Меган и Хари допрва ќе и носат пари на Опра!

Интервјуто на Опра со Меган и Хари кое се продаде за вроглави 9 милиони долари денеска ја разбранува светската јавност.

Кралицата на американското шоу, долго очекуваното интервју на „CBS“ го продала за 7 до 9 милиони долари, се вели во информациите на „The Wall Street Journal“.

Но таа ги задржа меѓународните права за интервјуто, а многу ТВ куќи ширум светот ќе го емитуваат интервјуто по „CBS“, што значи дека буџетот на Опра во наредните години дополнително ќе расте.

Впрочем, јавноста долго ги чекаше информациите околу релациите на двојката со Кралството а сега конечно доби одговори.  Некои се лути поради разговорот, други го фалат парот. Било како, ова се 20-те најважни работи од интервјуто.

1. Меган тврди дека никогаш не го пребарувала на интернет својот сопруг, ниту истражувала било што за него.

„Никогаш на интернет не сум читала за него, мислам дека е непотребно, бидејќи чувствувам дека ми кажа сè што треба да знам“.

2. Пред запознавањето со кралицата, Хари ја прашал дали знае да се однесува на правилен начин.

Пред запознавањето со кралицата вежбале манири. Меган рекла дека првата средба со кралицата била лесна и пријатна.

„Му благодарам на Господ што беше така. Не знаев многу за семејството, а не ни истражував, бидејќи можеби би ме загрижило нешто“.

3. Се венчале во нивната куќа на приватна церемонија три дена пред кралската венчавка, и освен нив, бил присутен и свештеник.

„Тоа беше спектакл за цел свет, а ние сакавме да имаме нешто наше“, раскажала Меган.

4. Меган тврди дека никогаш не ја расплакала Кејт, туку било обратно.

„Беше обратно. Тоа беше тешка недела, а таа се вознемири поради тој фустан“, изјавила актерката. Кејт на крајот ѝ се извинила, а Меган го прифатила извинувањето.

5. Меган вели дека постоеле двојни стандарди кога се известувало за неа и за Кејт.

„Изгледа дека сакаа наратив за херој и злосторник“.

6. Меган тврди дека прво се однесувала онака како што барало кралското семејство од неа, мислејќи дека ќе ја заштити, но тоа не се случило.

„Не само што не ме заштитија, туку и сакаа да лажат за да заштитат други членови од семејството, а не беа спремни да ја кажат вистината која би нè заштитила мене и мојот сопруг“.

7. Меган вели дека молела за помош.

„Долго време ги молев за помош“, вели таа, но тие одбиле да ги демантираат натписите за неа иако за други би го направиле тоа.

8. Арчи не добил титула на принц ниту заштита која би му го обезбедила тоа.

„Тоа не е наша одлука“, рекла Меган и додала дека го промениле протоколот за Арчи да не може да стане принц.

9. Се зборувало за тоа колку 'темна' ќе биде кожата на Арчи. Меган не сакала да открие кои членови на кралското семејство ја отвориле таа тема.

„Тоа е разговор за кој никогаш нема да зборувам“, додал Хари.

10. Меган размислувала за самоубиство.

„Не гледав излез. Навечер седев и размислував дека не разбирам што се случува. Сакав да побарам помош, но ми рекоа дека не смеам“, раскажала таа.

11. Го откриле полот на бебето и рекле дека не планираат повеќе деца.

Хари открил дека ќе добијат девојче и дека не планираат повеќе деца.

12. Хари рекол дека си заминале од кралското семејство бидејќи 'немале поддршка и разбирање'.

13. Хари рекол дека сфатил дека историјата се повторува.

Ситуацијата со Меган го потсетила на тоа како поминала неговата мајка Дајана.

„Мојата најголема грижа беше тоа што гледав дека историјата се повторува. Но, ова е многу поопасно - додадете ја расата и додадете ги социјалните мрежи“, рекол Хари.

14. Принцот тврди дека не ја криел одлуката од кралицата за заминувањето.

„Никогаш не го криев тоа од мојата баба, премногу ја почитувам“, рекол тој и додал дека повеќепати разговарал со кралицата пред официјалната објава.

15. Кралското семејство наводно се плаши од медиумите и таблоидите.

Хари зборувал за 'невидлив договор' помеѓу медиумите и кралското семејство според кој таблоидите имаат целосен пристап до кралското семејство, а за возврат пишуваат позитивно за нив.

„Се плашат дека таблоидите ќе се завртат против нив“.

16. Хари рекол дека не би можел да го напушти семејството да не била Меган.

„И јас бев заробен, но не гледав излез. Бев заробен, но не го знаев тоа. Заробен во системот, како остатокот од моето семејство. И мојот татко и брат се заробени. Тие не можат да одат и сочувствувам со нив“, рекол принцот.

17. Наводно кралското семејство им ги укинало финансиските средства на почетокот на 2020-та година.

На почетокот останале на она што Хари го наследил од принцезата Дајана.

„Без тоа никогаш не би можеле да го направиме ова. Знаела што ќе се случи и чувствував дека е присутна во текот на целиот овој процес“, изјавил тој.

18. Хари зборувал за семејните односи.

Рекол дека со кралицата е во добри односи, но дека тој и Вилијам се 'оддалечени'. Наводно Чарлс во еден момент престанал да му одговара на повиците.

19. Не планирале медиумско експонирање.

„Од моја перспектива, сè што ми требаше беше финансиска сигурност, за да можам да го заштитам семејството“, рекол Хари.

20. Меган тврди дека зажалила само за една работа.

„Им верував дека ќе ме заштитат“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk